Кирацовски по исказот за Рекет: Со вистината ќе излеземе посилни

Сакам да ја информирам јавноста дека денес дадов изјава во Обвинителството. Ова го напиша на Фејсбук Александар Кирацовски од СДСМ.

- Од денес, се надевам, завршуваат лажните вести и инсинуации кои досега нанесоа штета на недолжни личности и истрагата, за момент, ја одведоа во погрешен правец, а ќе преовладуваат фактите и вистината. На надлежните институции им се ставам комплетно на располагање и нема да дозволам ништо да ги наруши мојата чест и углед. Верувам дека помогнав постапката да заврши правично и верувам дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за стореното. Благодарам за интересот и коректноста на медиумите и новинарите. Господинот Бранко Геровски, кој го почитувам и кој, за волја на вистината, изрази извинување, потврдувајќи дека во врска со мене направил "фаул", го замолувам да не ми импутира термини кои никогаш не сум ги изрекол и да не користи квалификации кои се во доменот на надлежните институции. Овој случај нанесе штета врз општеството, но знам дека сите заедно следејќи ги правдата и вистината ќе излеземе посилни, а општеството зајакнато, напиша Кирацовски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега