Вонредна најава до крајот на неделата: Лоши вести за споениот викенд

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето до крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе биде ведро со умерена локална облачност.

 Утре не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

УВ индексот ќе биде 7.

  Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи Т-ра 14 / 30 степени.

 Од утре попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега