Јанева си поднесе оставка со ново писмо од притворот

Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затвор го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули годинава, дознава Сител.

Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево, откако и вчера Јанева напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното обвинителство.

Таа на денот на апсењето на Боки13 поднесе условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом  се избере нејзин заменик.

„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја, напиша тогаш таа, додавајќи дека е горда што се бореле со сите облици на криминал.

Таа е во притвор заедно со Боки13 и Зоки Кичеец за случајот „Рекет" за изнуда на пари, откако во снимките на „Ла Верита" се слушна нејзиниот глас, како му вели на Орце Камчев дека се ќе биде во ред.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега