Лоши прогнози за продолжениот викенд

Наредната недела веројатно ќе ги донесе последните летни денови, иако уште од викендов најавена е дестабилизација заедно со услови за локално невреме.
Уште денеска во текот на попладневните часови можно е да заврне пороен дожд. Слично време не чека и утре со тоа што за утрешниот ден метеолармот издаде жолто предупредување за можно невреме со грмотевици на целата територија на Македонија со исклучок на охридскиот регион.
Нестабилно и променливо време ќе имаме и од почетокот на идната недела.  Дожд се очекува само во понеделник, но и температури близу 30 степени во текот на денот и не помалку од 15 степени наутро. Во продолжение на идната недела не чека променливо облачно време со температури околу 30 степени кои кон крајот на неделата ќе почнат да се намалуваат па за време на идниот викенд ќе имаме утрински температури близу 10 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега