Советничка група на ВМРО- ДПМНЕ: Шилегов вработил над 1.000 партиски војници за две години

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје посочува дека градоначалникот Петре Шилегов ја пренатрупува градската администрација со неквалификувани партиски кадри, нови вработувања кои се платени со парите на граѓаните, стои во партиското соопштението.

„Неформалните бројки говорат дека Шилегов за две години вработил над 1.000 партиски војници во Град Скопје и неговите јавни претпријатија.

Над 1.000 партиски војници Шилегов вработил за цели две години, додека претпријатијата бележат загуби. Се случува вистинско девастирање и уништување на градските претпријатија.

Голем дел од овие кадри се неквалификувани за работните позиции, и не ги исполнуваат законските одредби, за што страдаат квалификувани кадри кои не ја добиваат шансата за ново работно место.

Дополнително Петре Шилегов ветуваше мала и стручна администрација, но од овие ветувања нема ништо.

Јавните претпријатија станаа партиско дувло за членови на СДСМ и главен извор за непотизам.

Две години Петре Шилегов, две години неспособност, стагнација и криминали“ се вели во соопштение од Советничката група на ВМРО

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега