СПМ организира прослава на 11 Октмоври во Куманово

По повод утрешниот голем државен празник, 11 октомври - денот на востанието на македонскиот народ против фашизмот, Социјалистичката партија на Македонија на граѓаните на нашата држава им упатува искрени и топли честитки со желба за нови победи за развој на нашата држата.

 Сеќавањата за борбата против фашизмот треба да бидат постојани со цел да не се повторат злосторствата, човечките и материјалните жртви што тој ги предизвика.

Ова особено го потенцираме денес, затоа што, цела Европа е вознемирена од повампирувањето на фашизмот во некои земји. Нас,социјалистите, особено не загрижува што ваквите појави со сета жестина се појавија во нашето соседство со закана да го загрозат интегритетот и идентитетот на македонскиот народ и нашата држава, како и мирот на Балканот.

Ние социјалистите таквите појави жестоко ги осудуваме и бараме сиот демократски и мирољубив свет не само жестоко да ги осуди, туку на истите да им стави крај.

Секое толерирање може да предизвика натамошна негова ескалација, а со тоа и загрозување на мирот и напредокот на Европа и на светот.

Одржувањето на постојните споменици и градењето на нови и чествувањето пред нив се најдобар начин за потсетување на злото што фашизмот му го нанесе на човештвото. Тие опоменуваат дека тоа повеќе не смее да се повтори.

Утрешното чествување треба да биде во знакот на потсетување на младите генерации кои не го доживеаа тој чин, какви се последици остави фашизмот за да знаат како да се борат против него.

Социјалистичката партија на Македонија апелира до сите надлежни органи да посветат максимална грижа за одржување и уредување на постојните споменици и спомен облежја и низ постојани активности особено на овој ден да придонесуваат за афирмирање на нашата борба, негување на револуционерните традиции и воспитување на младите генерации во слободарски дух.

Социјалистичката партија секогаш е подготвена со своето членство, особено младите да се вклучат во планирањето на активности на овој план.

 

Во рамките на утрешното масовно чествување на 11 октомври денот на востанието, Социјалистичката партија на Македонија исто како минатогодишното чествување во Прилеп организира собир на своето членство и симпатизери, како и други заинтересирани граѓани пред меморијалниот споменик во Куманово. Собирот ќе се одржи со почеток во 12,30 часот на кој за значајот на овој историски ден ќе говори претседателот на СПМ Љубисав Иванов - Ѕинго.

(Интегрален текст од прес конференција на Социјалистичката партија на Македонија)

10.10.2013 - 12:26

најчитано сега