Данева сама се фалеше: Под притисок на СДСМ власта го повлече Законот за прекршоци

СДСМ ги присили Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат енормните казни во Законот за прекршоци, што достигнуваат и до десетици илјади евра.

СДСМ постојано инсистира и сегашните казни да се преполоват, а ВМРО-ДПМНЕ понуди законско решение со двојното и тројно зголемување на казните за граѓаните, во услови на невидена сиромаштија досега. Замислете, за обичен прекршок, делата да не застаруваат до 10 години!

Ние, пратениците на СДСМ, од првиот момент го одбивме овој неразумен потег на власта и кажавме дека ваквото решение нема да биде изгласано.

Како резултат на нашиот притисок, Владата денеска го повлече Законот за прекршоци.

СДСМ ги заштити интересите на граѓаните.

 

Владата беше должна самата да отвори јавна расправа и дијалог со опозицијата уште пред да го пушти Законот во собраниска процедура. Посебно што станува збор за системски закон што се носи со двотретинско мнозинство. Така работеше СДСМ во 2005-та година, кога со тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ, компромисно ги договараше ваквите законски проекти.

(Интегрален текст од прес конференција на Ана Данева, пратеник на СДСМ)

10.10.2013 - 13:16