ВМРО-ДПМНЕ: Шиповиќ да си поднесе оставка

Обидот на СДСМ да го амнестира Мирослав Шиповиќ пред за тоа да се произнесат надлежните органи претставува преседан и е неоправдано. Очигледно дека институциите на системот располагаат со информации според кои претседавачот на советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ  може да се смета за осомничен за учество во милионска проневера и тие, институциите, се единствено надлежни да го дадат финалниот одговор. Ниту една партиска функција и ниту една партиска говорница не смее и неможе да го амнестира Шиповиќ или било кој друг политичар од вина за учество во криминал, за кој очекуваме институциите да одлучат.

Тоа што ние и колегите од СДСМ сме советници во Општина Центар не не прави различни и не ни дава имунитет за извршување на кривични дела или за изземање од кривични постапки во кои постои основано сомнение.

Во оваа држава мора да се почитува презумпцијата на невиност, како што бара опозицијата, но мора да се почитува и законот кој важи еднакво за сите.

Аргументот на Жерновски  и на СДСМ дека на овој начин се сака да се добие мнозинство во советот на општина Центар е неодржлив и неоснован.

Еве зошто тоа е така:

Мирослав Шиповиќ е централна фигура во афера во која сомневањата се дека тој како претседател на Управниот одбор на Машино промет преку претходно организирана група проневериле околу милион евра.  Оттука СДСМ како негова матична партија треба да му наложи на Шиповиќ веднаш од морални причини да си поднесе оставка и Државната изборна комисија да го именува  за советник следниот од листата на коалицијата предводена од СДСМ.  Секој друг обид да се протне било која друга теза е чиста манипулација.

Нема никаков простор и аргумент  за тоа дека ова е случај кој е политички мотивиран. Ова е случај во кој се докажува спроведливоста на законите.  Ние како советничка група стоиме на располагање и сме конструктивни во интерес на граѓаните на Центар.

Сите околности  треба во целост да се испитаат и надлежните институции да ги утврдат фактите.  Доколку се докаже дека Мирослав Шиповиќ е виновен за сторен криминал од еден милион евра ние се надеваме дека и советниците на СДСМ од општина Центар нема да сакаат да ги води човек кој  направил таква проневера. Затоа  СДСМ не треба да брза со заклучоци пред да види за што се работи.

СДСМ не смее да излегува со неоравдани квалификации, исто како што правеа за сите случаи досега за кој подоцна се утврди дека биле криминални. Така тие испраќаат погрешна порака дека ако некој е од СДСМ не смее да одговара за сторен криминал и треба да биде заштитен.

 

СДСМ не смее да се става над законите.  Тие важат за сите подеднакво. Прекршувањето на законите треба и мора  да биде санкционирано и тука нема дилеми, без разлика дали е некој член на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на друга политичка партија или воопшто не е член на партија.

(Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Томислав Лазаров, ВМРО-ДПМНЕ)

10.10.2013 - 13:16

најчитано сега