Првиот човек на УЈП во Скопје заглавен во „Претседавач“

Елена Јанева Димова е меѓу осомничените во акцијата „Претседавач“ кои во моментов се наоѓаат во скопскиот Истражен суд. Тие даваат исказ пред истражен судија во врска со обвинувањата во случајот „Претседавач“. Димова е висок функционер во УЈП. Таа е актуелен директор на Дирекцијата за големи даночни обврзници, но во акцијата Претседавач, одговара времето додека ја раководела Регионалната дирекција на УЈП за Скопје. 
За што точно се сомничи, полицијата треба да откире на прес конфернецијата која во МВР треба да почне во секој момент. 

авното обвинителство денеска поднело барање до Основниот суд Скопје 1, да се спроведе истрага, за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ против 12 лица, со предлог за определување мерка притвор. Засега се уапсени 11 лица, додека првоосомничениот сеуште е недостапен на органите за прогон.

Кривична пријава заработи М.Ш., претседател на управниот одбор на АД „Машинопромет“ и членовите на Управниот одбор на фирмата, Т.Т, С.М , В.Д и В.В. Вработените во Управата за јавни приходи Е.Ј.Д., С.П. и М.К. се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Денеска пред истражен судија се изведени и четворица сопственици на фирми од Скопје и од Штип.

По денешниот распит, Истражниот судија ќе донесе одлука дали на осомничените ќе им дозволи да се бранат од слобода.

 

10.10.2013 - 13:19

најчитано сега