Возачите да бидат трпеливи - еве на кои улици во Скопје може да дојде до хаос

Од Градот Скопје денеска информираат дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот, во периодот од 13 до 18 октомври 2013 година ќе се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот на неколку крстосници во градот. Поради тоа, на крстосниците може да се појави застој во одвивањето на сообраќајот, како и нарушување на координацијата на семафорите, односно на зелените бранови.  

Градот Скопје ги замолува сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот и да ги почитуваат светлосните сигнали на градските улици.

 

Калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот во посочените денови ќе се врши на следниве крстосници:

 

-      

Улица 3.Македонска бригада – улица Пролет (кај ПС „Пролет“)

-      

Улица Јордан Мијалов – улица Павел Шатев (кај надвозникот на Јужен булевар)

-      

Булевар Кочо Рацин – улица Свети Кирил и Методиј (кај катната гаража „Свети Кирил и Методиј“)

-      

Булевар Свети Климент Охридски – улица Свети Кирил и Методиј (кај зградата на ЕУ)

-      

Булевар Свети Климент Охридски – улица Димитрие Чуповски (кај средното училиште „Јосип Броз-Тито“)

-      

Улица 11 Октомври – улица Пролет (кај Тутунски комбинат)

-      

Улица 11 Октомври – булевар Кочо Рацин (кај Црвен крст)

-      

Улица 11 Октомври – булевар Филип II Македонски

-      

Улица 11 Октомври – улица Димитрие Чуповски (кај Порта „Македонија“)

-      

Улица Димитрие Чуповски – улица Македонија (пешачки премин кај „Рекорд“)

-      

Улица Димитрие Чуповски – улица Даме Груев (кај ТЦ „Палома бјанка“)

-      

Улица Јордан Мијалков – булевар Мајка Тереза (први семафори од Водно)

-      

Булевар Илинден – булевар Свети Климент Охридски (кај зградата на Владата на Република Македонија)

-      

Булевар Партизански одреди – булевар ВМРО (кај објектот „Тифани“)

-      

Булевар Гоце Делчев – булевар Илинден (кај мостот „Гоце Делчев“)

-      

Булевар Гоце Делчев – булевар Филип II Македонски (кај ТЦ „Мавровка“)

-      

Булевар Гоце Делчев – булевар Крсте Петков Мисирков (кај Судска палата)

-      

Булевар Гоце Делчев – пристап кон комплекс објекти на МРТВ

-      

Булевар Гоце Делчев – улица Беласица (кај скопското сајмиште)

 -Активностите за калибрацијата на адаптивната контрола на сообраќајот ќе ги врши италијанската фирма MIZAR која е изведувач на системот за управување на сообраќајот од проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во Скопје. Калибрацијата е процес којшто бара во одредени периоди од денот на овие крстосници да биде активиран адаптивниот начин на контрола на сообраќајот во зависност од сообраќајното оптоварување на крстосниците со цел да се увидат проблемите и да се калибрираат параметрите за адаптивна контрола за најдобро да се опслужуваат сообраќајните текови, информираат од Град Скопје. 

10.10.2013 - 13:55

најчитано сега