МВР ја откри шемата: За што одговараат осомничените во „Претседавач“

Не почитувале судски решнија, ја обезвреднувале фирмата, се отуѓувал имотот и покрај извршни решенија за наплата на данок.
МВР ја образложи шемата по која што функционирал како што велат криминалот во Машинопромет. Членовите на Управниот дбор не го почитувале судското решение за забрана со располагање со имотот поради отворената предстечајна постапка и носеле одлуки со кои енормно ја намалиле вредноста на акционерското друштво и со тоа нанеле штета од над 1 милион евра за акционерите и околу 14 милиони денари за буџетот на Република Македонија бидејќи фирмата била задолжена по основ на даноци по УЈП. 
Упавата за јавни приходи спротивно на законот дала согласност за отуѓување на имотот иако тие имале извршни за наплата на долговите за данок. Тоа е причиниата поради која директорката од УЈП, Елена Јанева Димова заедно со уште две лица од истата институција одговара пред законот.
Во моментов 11 лица одговараат пред истражен судија. За сите има поднесено барае за одредување мерка притвор.

10.10.2013 - 14:14

најчитано сега