Ќе се збогуваме со старите семафори во Скопје

Од Град Скопје денеска информираат дека во рамки на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 12 до 19 октомври 2013 година ќе се врши замена на старите семафорски контролери на следниве крстосници во градот:

-       Пешачки премини на булеварот Партизански одреди (кај ТЦ Лептокарија, кај поранешните бараки на Општина Карпош кај улицата Манапо, кај улицата Аминта трети и кај пазарчетоБуњаковец),

 

-      

Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и булеварот 8 Септември,

-      

Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Њу Делхиска (кај ВЕРО),

-      

Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Франклин Рузвелт,

-      

Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата 9 Мај,

-      

Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и крак на улицата Народен фронт (кај Цветниот пазар).

Поради тоа, може да се појави нарушување на координацијата на семафорите  и на зелените бранови на булеварот Партизански одреди и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, како и одредени застои на крстосниците.  

 

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека се врши замена на старите семафорски контролери и да ги почитуваат светлосните сигнали.

 

 

Активностите за замена на старите семафорски контролери со нови современи семафорски контролери ќе ги изведува фирмата „SWARCO TRAFFIC SYSTEMS“ од Германија со подизведувачот „ЕЛКОМ КОНСТРАКШН од Скопје во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и сообраќајната полиција.

 

 

 

10.10.2013 - 14:35

најчитано сега