Зеќири: СДСМ не бега од избори, затоа што кога и да излезе на избори ќе победи

Не бегаме и не се плашиме од избори, затоа што СДСМ кога и да излезе на избори ќе победи, а тоа го покажуваат и анкетите на јавното мислењем посочи Зеќири во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Тој истакна дека сега кога државата е во пресрет на членството на НАТО и добивањето на датум за почеток на преговори за влез во ЕУ,  не е моментот  да се распишуваат избори, земајќи го предвид и фактот дека наредната година е изборна година.

Во интерес на државата е да ги завршиме започнатите процеси , па потоа можеме да зборуваме за избори. - заврши Зеќири.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега