Николовски: Договор за Законот за ЈО е можен, ако опозицијата добие улога во изборот на шеф на обвинителството

За преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство, датумот за почеток на преговорите со Европската унија и истрагата за „Рекет“, „Канал5 “  разговараше со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

ВМРО ДПМНЕ е за договор за Законот за јавното обвинителство, вели потпретседателот на опозициската партија, Александар Николовски во разговор за Канал 5.

„Договор е потребен, ние сме за договор , но во тој договор мора да има баланс. Балансот е ако и опозицијата има улога. Мотивите на Зоран Заев за опозицијата да нема улога е да не се открие неговата инволвираност во корупциските афери“, вели Николовски објаснувајќи зошто опозицијата инсистира таа да го предложи шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во пресрет на одлуката за датум за почеток на преговорите со Европската Унија, Николовски вели дека сите информации кои тие ги имаат говорат дека во октомври Македонија нема да добие позитивна одлука.

„Најдоброто што може да очекуваме е формирање на тим од претставници на пет европски институции кои ќе ги следат состојбите во областа на владеење на правото и борба против корупцијата во период од најмалку една, а најмногу две години по што ќе се даде оценка дали земјава е подготвена за почеток на преговорите“, тврди Николовски во разговорот за Канал 5.

 

Целиот разговор  погледнете го ТУКА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега