СДСМ: Како компјутерот им додели вработувања токму на активистите на ВМРО-ДПМНЕ?

Креаторите на најголемите беда и сиромаштија на граѓаните досега, Груевски и Ставрески, на најлицемерен начин ја искористија социјалата за да згрижат партиски послушници. 

СДСМ бара директно објаснување од Груевски, Ставрески и Ивановски за скандалот со вработувањата во Македонски шуми преку владиното ЛОТО ШОУ. 

Како се случи компјутерот да извлече вработувања за најголем број членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ? Нивни сопружници, роднини или пријатели? Највисоко бодувани како лица без приходи, кои на овој начин добиваат државна работа, а се членови на семејства со плати, ниви, станови и автомобили? Или како меѓу вработените во категоријата самохрани родители, се најдоа бројни примери на лица без деца? Или лица кои не постојат? 

Затоа ли е недостапен списокот на бодувани и соодветно на тоа вработени во Јавното претпријатие Македонски шуми?

(Интегрален текст од прес-конференција на Хари Локвенец, член на ИО на СДСМ)

 

10.10.2013 - 15:03

најчитано сега