Тасевска: Со Ребалансот 300 милиони денари се издвојуваат за поврат на ДДВ кон граѓаните

Ребалансот на буџетот ја потврдува заложбата на СДСМ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните.Со ребалансот, 300 милиони денари се издвојуваат за реализација на мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

Според неа, мерката Мој ДДВ која е е едно од клучните ветувања дава одлични резултати. Досега за помалку од три месеци, скенирани се близу 20 милиони фискални сметки, со што повратот на 15 отсто од платениот ДДВ изнесува 2.666.000 евра.

„Тоа значи дополнителен приход во секое семејство, што ќе ја подобри куповната моќ и ќе влијае врз зголемување на потрошувачката.Само во првите два месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 отсто во однос на минатата година.Освен кај граѓаните, расте повратот на ДДВ и кон компаниите.Годинава, заклучно со август извршен е поврат на ДДВ кон фирмите кој е за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година.Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките кои ги намалуваат трошоците и обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.За нас зборот важи, парите ги насочуваме кај граѓаните”, додаде таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега