ВМРО-Народна: Македонија да биде – една изборна единица со минимален или без изборен праг

ВМРО-Народна партија покрај илјадниците повици и апели, уште еднаш упатува поддршка за промена на Изборниот законик со што Македонија ќе биде – една изборна единица со минимален или без изборен праг, соопшти партијата.

– ВМРО-Народна партија се радува што предлогот за една изборна единица добива поддршка и од партиите кои во не толку далечната 2011 година кога и за прв пат укажавме на потребата од промена на изборниот законик, не смогнаа сили да се придружат кон нашиот предлог и го поддржат иако учествуваа во владината коалиција – велат од партијата и додаваат дека и по осум години стојат на ставот дека со ваквата промена ќе се забетонира плурализмот односно широко ќе се отвори демократскиот процес подеднакво за сите партиско-политички чинители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2019 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега