Костадинов: Мицкоски пет дена не дава одговор дали Камчев ja финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Пет дена молк во ВМРО-ДПМНЕ, бегаат од одговор, бегаат од јавноста, не даваат одговор на прашањето дали Орце Камчев ja финансирал изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ? Нема одговор ниту за тоа дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во финансискиот извештај, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Според него, молкот на Мицкоски кажува многу. „Што крие Христијан Мицкоски поврзано со финансирањето на последната кампања, линковите со Орце Камчев, неговите донации или неговата улога во случајот познат како ‘Рекет’? Нема бегање од вистината ниту од правдата. Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да одговори на овие прашања”, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега