ВМРО ДПМНЕ: Проектот МОЈ ДДВ ја потценува интелигенцијата на граѓаните

Пијте многу алкохол и пушете многу цигари, Владата ве стимулира и ви враќа 15% ДДВ на сето тоа

Проектот МОЈ ДДВ ја потценува интелигенцијата на сите нас! Не можете да добиете поврат на ДДВ за сметката за струја, но замислете можете на кутија цигари или шише виски.

Доколку уживате во разни алкохоли и цигари, и доколку најголем дел од платата давате на вакви работи, ќе имате право на поврат на ДДВ од 15%. Дополнително (иаку ова е тема за друг текст) таа личност веројатно ќе претставува и плус трошок за нашиот здравствен систем. Ама, доколку сте одговорна личност, која се бори во животот, живее здраво, има и воспитува повеќе дечиња – Вие нема да видите корист од овој проект, бидејќи вашите најголеми трошоци (режиските трошоци) немаат поврат на ДДВ.

Употребете ги вашите очи и разум! Погледнете во било кое помало место каде купувате (каде купува и цела Македонија) дека купишта сметки стојат оставени од граѓаните, едноставно никој не го препознава проектот МојДДВ како нешто корисно. Разберете, дека таму каде што до сега се издавале сметки, пак ќе се издаваат, ама таму каде што до сега не давале сметки, овој проект сигурно нема да ги убеди да почнат да плаќаат данок, велат од комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2019 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега