Смилеска: Ребалансот на буџет за 2019 година има суштинска вредност и се одликува со низа придобивки за граѓаните

Пратеничката од СДСМ и владечкото мнозинство, Кети Смилеска, денеска во своето излагање на Комисијата за финансирање и буџет ги истакна суштинските и реални придобивки за граѓанитe што ги обезбедува ребалансот на Буџетот за 2019 година, правејќи паралела помеѓу овој ребаланс и ребалансот на буџет во 2016 година, последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ребалансот на буџет за 2019 година има суштинска вредност и се одликува со низа придобивки за граѓаните. Разликата помеѓу овој ребаланс кој го предлага СДСМ и ребаланост од неславната 2016 година, последната година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ е евидентна. За споредба, за трите столба на државата кои генерираат индиректен развој како социјална заштита, образование и здравство, обезбедени се над 25 милјарди денари повеќе во однос на 2016 година – истакна Смилеска.

Во обраќањето, Смилеска се осврна и на лажните вести кои се појавија околу изградбата на експресниот пат Прилеп - Градско.

- Информациите дека треба да се платат 100 милиони евра за пенали за раскинувњето на договорот за изградба на патот Прилеп - Градско не кореспондираат со реалноста.

Ќе следува арбитража, а изградбата на патот ќе продолжи, посочи Смилеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега