ВМРО-ДПМНЕ: Заев молчи и крие од јавноста каде завршила Луј Витон чантата со милионската сума од рекет

Зоран Заев молчи и крие од јавноста каде завршила Луј Витон чантата со милионската сума од рекет, велат во рекција ос ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на Костадин Костадинов.

„Јавноста чека одговор, дали милионот од рекет завршил на „Илинденска“ и со тоа е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?

ЈО, под контрола на Заев молчи и за случајот „Рекет 2“, исто како што молчи и за „Рекет“.Молчат затоа што знаат дека ако истрагата се реализира до крај таа ќе стигне до Зоран Заев - главата на октоподот.

 Граѓаните мора да знаат зошто правосудните институции го штитат премиерот и зошто тој уште не е повикан на распит.Граѓаните очекуваат Заев да биде енднаков пред законите, како и секој еден друг граѓанин на Република Македонија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2019 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега