СДСМ: Ребалансот на буџетот ги следи заложбите за враќање пари кај граѓаните, 300 милиони денари за реализација на Мој ДДВ

Ребалансот на буџетот е во насока на заложбата на СДСМ за обезбедување на повеќе пари кај граѓаните велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека со ребалансот обезбедени се 300 милиони денари за реализација на Мој ДДВ мерка која враќа 15 отсто од платеното ДДВ назад кај граѓаните.

„Со оваа мерка, за неполни три месеци, кај граѓаните се враќаат над 2,6 милиони евра.

Истовремено, непречено и неселективно се одвива повратот на ДДВ кон фирмите, кој во првите 8 месеци од годината е за 49,7 отсто повисок во однос на 2016 година.

Тоа значи дека годинава во стопанството се влезени над 17 милијарди денари.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку мерки со кои се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари се враќаат кај граѓаните и кај семејствата„ стои во соопштемието на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега