ВМРО- ДПМНЕ: Со затварање на истрагата за „Рекет“, Русковска вчера покажа дека е само пипка на октоподот на Заев

Вилма Русковска вчера покажа дека е само пипка на октоподот на Зоран Заев. Затворањето на истрагата за случајот Рекет, и затворање на рекетарскиот ланец со Катица Јанева е прикривање трагите кои водат директно до врвот на власта, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Со месеци, скоро цела година сите институции од областа на финансиското разузнавање, безбедносните служби и  ЈО воопшто не реагирале во врска со милионскиот рекет. И на бруцоши на правен факултет им е јасно дека милионски рекет, кој траел со месеци не може да се прави без знаење на врвот на власта. Затворањето на истрагата со Катица Јанева е доказ дека Русковска цело време само барала начин како да ги спаси нарачателите и вистинските рекетари. Русковска и ЈО со неповикувањето на распит на Зоран Заев се доведуваат во ситуација да бидат соучесници во криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму опозициската партијата истакнуваат дека и Русковска и сите кои ја ограничуваат истрагата и ги штитат функционерите од власта треба да знаат дека еден  ден со враќањето на правната држава во Македонија ќе сносат одговорност за сторениот криминал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега