Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фокусирани само на одбрана на криминал

Единствен интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е да нема правда, да се спасат од одговорност криминалците и тајкуните од редовите на опозициската партија, рече денеска на прес конференција Костадин Костадинов, потпарол и пратеник на СДСМ.

Тој наведе дека не успеа нивниот обид да пропаднат предметите на СЈО и оттука, нервозата во белиот дворец е се поголема.

„Пред граѓаните презедовме одговорност да изградиме силна и независна правна држава и тоа го обезбедуваме.

Затоа не отстапивме од принципот предметите на СЈО да продолжат, да не ја изгубат иднината, да има одговорност.

СДСМ сака нормален политички дијалог со опозицијата за сите стратешки прашања.

Ние сакаме да обезбедиме принципиелен договор со опозицијата за да се изгласа Законот за ЈО.

Нашиот став е јасен и принципиелен, одговорност мора да има за секој, без разлика на партиска или каква било припадност, но одговорност мора да има и  за тајкуните и за функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

Правда и одговорност мора ќе има.

Тоа е важно за државата, за граѓаните, секако и за интеграцијата во Европската Унија“ рече Костадин Костадинов, потпарол на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега