Трагедија во Скопје: Пет млади лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа

Трагедија ги потресе скопјани. Утрово во три часот по полноќ во центарот на Скопје се случила страотна сообраќајна несреќа во која за жал животот го загубиле пет лица, пренесува порталот Телеграф.мк.

Несреќата според податоците на порталот се случила во близина на "Рампа" кога автомобил марка БМВ со кое се превезувале младите А.С. Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б. сите на 27 и 28-годишна возраст, изгубилконтрола, излетал од патот и удрил во објектот на Пазарната инспекција. За жал, на местото на настанот на повредите им подлегнале сите млади момчиња.

Засега сообраќајот е во прекин а полицијата врши увид на местото на настанот.

11.10.2013 - 10:14

најчитано сега