ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ пресмета дека секое семејство троши по 6400 евра месчно

Зоран Заев денес кажа дека секој граѓанин ќе го зголемил својот сопствен буџет за 30.000 денари годишно доколку нивната предлог мерка за поврат на 15% од платениот ДДВ биде применета. Но, пресметките кои што Зоран Заев и СДСМ ги правеле се целосно неточни и невистинити.

            ВМРО-ДПМНЕ на Зоран Заев ќе му одговори со конкретни бројки.

            Ниту еден просечен граѓанин нема да добие 30.000 денари поврат на ДДВ бидејќи за да се случи тоа теоретски ќе треба да има платено кон државата ДДВ во висина од 200.000 денари годишно. Тоа пак значи дека треба да има направено промет, односно трошок од најмалку 1.111.000 денари или 18.124 евра. Ако оваа бројка се подели на дванаесет месеци ќе значи дека за да добие 30.000 денари поврат на ДДВ од државата во текот на една година, секој граѓанин ќе мора да потроши 1.510 евра месечно и тоа под услов сите производи што ги купил да се даночат по стапка од 18%. Во Република Македонија многу од основните трошоци на граѓаните (што се и најголем дел од основниот буџет на секое семејство) како храна, лекови, медицински помагала, компјутери итн. се оданочуваат со повластена стапка од 5%. Ова значи дека месечните расходи сепак ќе треба да бидат и многу поголеми од 1.510 евра.

            Според математиката на Зоран Заев едно просечно семејство од четири члена месечно троши по 6.040 евра. Што е фантазија и неукост.

            Господине Заев можеби вашето семејство или семејството на Радмила Шеќеринска трошат месечно по 6.040 евра, но ниту едно друго семејство не го прави тоа. Бројките говорат дека оваа мерка која СДСМ ја предлага е лажна, неука и несериозна. СДСМ очигледно се надевала дека граѓаните нема да разберат каква рекламна измама прават со овој предлог.

            Од друга страна, покрај тоа што граѓаните нема да видат скоро никаков финансиски ефект, буџетот на државата ќе биде намален што ќе значи кратење на расходите и евентуално кратење и намалување на субвенциите во земјоделиите, пензиите и платите, социјалната помош, инвестициите во патиштата, изградбата и реконструкциите на болниците и училиштата итн.

 

            ВМРО-ДПМНЕ е зачудена од непознавањето на основните економски параметри што СДСМ преку презентирање на ваква несериозна мерка го покажа.

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев)

11.10.2013 - 23:22