Јанушев: Заев паѓа- Вчера беше почетокот, а крајот се самите избори

Порака до сите кои во своето срце ги носат светите букви ВМРО! Заев паѓа! Вчера беше почетокот на крајот, а крајот се самите избори, напиша Игор Јанушев на својот фејсбук профил.

„Јас, кој цврсто, непоколебливо и од дното на мојата душа верувам во Mакедонскиот народ, знам дека ова е крајот на една неславна епоха за нашата земја.
Но, и почетокот на нова ера, ново време, кога ќе треба да ја градиме нашата иднина.

Како генерален секретар на најмоќната партија чии свети букви се нашиот завет, барам од секој поединец на организацијата да го даде својот максимум, барам тоа да не го прави за себе, ниту за мене, туку за ВМРО, а тоа е свето име чиј завет е Македонија.
Бидете претпазливи и бидете на нивото на задачата, затоа што ова е победа која треба да ја донесеме за Македонија и нејзината иднина. Македонија е горда, Македонија е исправена и со кичма цврста како карпа.

Изборите се шанса за нов почеток, за нови победи, за цврста и силна земја која гордо чекори напред. Еве ја таа шанса да кажеме “да, и јас бев дел од таа голема победа за Македонија”.
Одиме силно, одиме до самиот крај, за ВМРО, за Македонија, против противник кој донесе поделби, срам, криминал и одземено достoинство.

Овде се работи за чистиот образ, за гордоста и за нашето живеење како Македонци. Затоа ова е ретка шанса да се даде одговорот, а ова е порака до луѓето на ВМРО, но и сите други кои овие 22 месеци шетаа со скаменето срце поради срамот кој Заев ни го донесе, за името кое ни го сменија, за нашето огниште и нашиот идентитет, за прогонот на патриотите кои поради Македонија страдаат по затворите, но и за прогонот на новинарите, за луѓето кои ги оставија без работа, за земјоделците чиј труд е потценет и неплатен, за нашите деца кои сакаме гордо да се напишат како Македонци од Македонија. Ова е битка на нашите животи и оваа битка ќе ја добиеме заедно, еден покрај друг, еден со друг заедно, зошто сите славни битки сме ги извојувале сплотено и заедно.
Така ќе биде и овој пат.

Обнова на Македонија, за нашата татковина. Победуваме!

Напиша на Фејсбук, Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега