Тачи: Едногласни сме дека треба да се продолжи по патот на ЕУ

„За првиот дел и од кабинетот ви соопштија добра вест иако имавме тешка ситуација, но едногласни сме дека треба да се продолжи по патот на ЕУ. Се договоривме на 12 април, следната година да имаме предвремени избори, иако првично имавме предлог да бидат на 12 декември", рече по завршување на лидерската средба Мендух Тачи.

„Договоривме на 12 април да имаме предвремени избори, иако првичниот предлог беше декември и заедно се договоривме за 12 април да имаме избори. Мислам дека за жал се совпаѓаат датумите на изборите и пописот, и не може во исто време да имаме и попис и избори", изјави Тачи по лидерската средба.

 
 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега