Заев: Анкетите покажуваат дека СДСМ води наспроти ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев вчера по лидерската средба изјави дека СДСМ воделе пред ВМРО-ДПМНЕ.

- СДСМ наспроти ВМРО ДПМНЕ води. Водиме со 3% поени, тоа го објавивме јавно и транспарентно преку кредибилни агенции кои што го направија тоа, секако крајот на октомври почетокот на ноември ќе финансираме уште една анкета, за да измериме како после одлуката како стоиме, но сите овие политички партии позади нас носат гласови, имаат свој кредибилитет, имаат своја програма имаат свој дел за кои што се залагаат за своите гласачи, кој што ме става мене како претседател на најголемата политичка партија во оваа коалиција во фаворитска состојба заедно со партнерите, на крајот граѓаните одлучуваат на изборите, вели тој.

- Јас знам дека наредниот период до крајот на октомври ќе можевме да ги реализираме сите мерки коишто ни беа предвидени во програмата, ќе се потрудиме најголем дел од тие да ги реализираме до април месец заради тоа што веќе се објавени мерките и за раст на платите, пензиите и за лекарите и за капиталните инвестиции што се реализираат во државата, еколошките проекти се отворени, квотите се укинати, донесен е законот за основното образование, до крајот на годината за средно образование, верувам дека можеме до тогаш да отпочнеме и со Клиничкиот центар изградбата да се движи, да почне нешто во постапката, се градат големи енергетски проекти, плановите може да ги исполниме во најголем дел, иако знаете дека ни беа ускратени 6 месеци од мандатот. Јас сум претседател на владата 2 години 4 месеци и 20 дена, и успесите се големи,  ако правите паралела со 11-те години на ВМРО ДПМНЕ, со она што денес е постигнато, слушнете ги само европските лидери што зборуваат, прашајте ги граѓаните како зборуваат, секако не може сите да се задоволни не сме ниту ние безгрешни, но со сите свои грешки успехот е голем, додава Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега