ВИДЕО: Ахмети бесен викаше и трескаше по маса среде емисија

Со викотници и удирање по маса лидерот на ДУИ Али Ахмети изрази незадоволство и лутина дека има многу партии на Албанците, во гостувањето на ТВ21.

По вчерашната лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, Ахмети за емисијата „Клик плус“ на ТВ21 имаше видно нервозен настап.

 – Да се освестат и да ги обединат Албанците, а не да ги поделат. Срам ми е да одам на средби со шест делегации на партии на Албанците и велиме дека сме Албанци со образование, со универзитети. Какви универзитети имаме? Какво образование имаме? Срамно е за Албанците, шест албански делегации се таму, а само две македонски, една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина оти не си веруваат меѓусебе, доаѓа Села со три-четворица, доаѓа, доаѓа Тачи со двајца, тројца, Али Ахмети со двајца, тројца, доаѓа Гзим Острени со двајца, тројца. Ова е срамно, и ми велите мене дека јас сум ги навредил. Со престапници веќе нема да седам и мислам дека имам морално и национално право да им се обратам на Албанците дека не ни требаат 10 партии. Шест партии, а 10 мандати. Ја повикав цела опозиција на Албанците да биде против ДУИ, затоа што Албанците ќе изгубат и тоа се случи. Изгубија 10 пратеници. Многу сме поделени… поделени се семејствата. 1000 ваму, 1000 таму. Сите сакаат да станат први, викаше лидерот на ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега