Костадинов: Предлозите за некакви декларации ќе ги коментираме откако ќе ги видиме, Бугарија е важен сојузник

По денешната прес конференција на потпаролот на СДСМ, Костаднин Костадинов, тој одговараше на новинарски прашања, па на прашањето за изјавата на Мицкоски кој вчера после лидерската средба рече дека побарал од лидерите да се усвои една резолуција односно да се реагира на бугарската резолуција каде се бара откажување од македонскиот јазик и македонското малцинство, кој е ставот на СДСМ дали вие би прифатиле вакво нешто, со оглед на тоа дека Мицкоски бара ваквата реолуција да се донесе во Парламентот, тој рече дека рано е да се зборуваи треба да почекаме да видиме каков предлог има Мицксоки.

„Да почекаме да го видиме конкретниот предлог на Мицкоски доколку го има. Едно нешто со сигурност никој не може да го оспори, тоа што е потврдено и во личната карта која што ја имаме во ОН, а тоа е дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Би сакал да кажам дека Република Бугарија е наш важен сојузник со кој треба да продолжиме да градиме мостови на пријателство. Особено го цениме фактот што Република Бугарија секогаш била поддржувач во нашите интегративни процеси, а тоа се докажа и на Самитот во Брисел. Односите со Република Бугарија и со сите наши соседи мораме да ги градиме како одговорни, особено ние политичарите, без никој да биде повреден и секако на ниту еден начин да бидат нарушени националните чувства. Знаеме дека во Република Бугарија веќе е во финална фаза кампањата за локалните избори, а камапања за кратко ќе почне и во нашата држава и треба да бидеме особено внимателни да на било кој начин не дозволиме да го исполитизираме Договорот, всушност тоа е и целта на Договорот. Не смее да биде исполитизиран, затоа што секоја калкулација, секој обид да се политизира Договорот, на некој начин ќе се спречи и неговото донесување и потпишување, во таа смисла особено треба да бидеме внимателни да не ги политизираме договорите и секако даваме шанса да го видиме прво предлогот и да разговараме на таа тема“ рече Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега