Извори од СДСМ: Николовски можен технички премиер

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека во согласност со Договорот од Пржино ќе се повлече на 3 јануари, во јавноста започнаа шпекулации дека на негово место ќе дојде актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Сепак, партиски извори од СДСМ за ТВ21 велат дека многу е веројатно технички премиер да биде назначен генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според изворите, Спасовски треба да остане во министерството како заменик министер, а исто така и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Од владејачката партија, СДСМ, велат дека одлуката ќе биде донесена на седницата на Централниот одбор на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е рано за имиња, но сепак, партиските извори велат дека за сега се калкулира со името на Антонио Милошоски за технички министер за внатрешни работи. Сепак додаваат истите извори, тоа ќе зависи и од фактот дали Спасовски ќе биде технички премиер, но доколку остане во министерството како технички заменик министер оваа опција пропаѓа бидејќи се смета дека Милошоски не би можел да го преземе авторитетот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега