Мицкоски: Со Законот за јазиците Заев манипулираше со гласовите на Албанците, а сега го подрива правниот систем

И пред кампања и по кампања принципот на ВМРО-ДПМНЕ е ист, а тоа е дека се треба да биде согласно законите и согласно Уставот и никој не треба денеска поради политички цели да ги злоупотребува граѓаните и да им ветува нешто што не е во согласност со законите и Уставот. А со Законот за јазиците токму тоа и се случи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „КланДебата“ .

-Ние и тогаш и денеска имавме принципиелен став и истиот тој став ќе го имаме и во иднина. Никој нема против зголемена употреба, но тоа да го направиме согласно законите и Уставот за да нема последици. Последиците се извештајот на Венецијанската комисија, која во заклучокот вели дека станува збор за уривање на правниот систем во државата, еден од основните копенхагнешки критериуми. Ако почнеме да го имплементираме овој закон ваков каков што е, доведуваме до уривање на правниот систем, не го исполнуваме основниот копенхагнешки критеруим и тогаш се поставува прашањето за каква европска идина зборувме кога од старт таа европска иднина ни е загрозена, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега