Муцунски: Треба да ги засукаме ракавите и да ја направиме оваа држава пристојно место за живеење

„Ние треба да ги засукаме ракавите и да ја направиме оваа држава пристојно место за живеење, држава во која граѓаните нема да се разочараат од едно одложување за пристапни преговори со ЕУ“, изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој додава дека треба да бидеме држава во која граѓаните ќе веруваат дека системот функционира.

„Во оваа политичка елита тие имаа големи очекувања, за жал таа не успеа да ги реализира, а улогата сега на ВМРО-ДПМНЕ е да претстави програма во која граѓаните ќе веруваат и да ги стимулира да излезат на избори бидејќи ќе веруваат дека во нашето општество може да се направат радикални промени“, посочи Муцунски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега