СДСМ: Мицкоски се плаши и избега од брзи предвремени избори во декември

ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои посветено работеа против интеграција во НАТО и ЕУ, против реформите и напредокот на државата, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што се радува и аплаудираа на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност.

„Без визија, без конкретна програма и цел, ВМРО-ДПМНЕ го очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исплашија и побегнаа од брзи предвремени избори во декември.

Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата.

СДСМ и Коалицијата што ја предводи се фаворите на предвремените избори, на 12-ти април граѓаните ќе гласаат за напредок, за развој, за интеграција, на 12 април граѓаните ќе потврдат дека државата е на прав“ целат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега