До крајот на годината ќе се знае колку ќе не чинат предвремените избори- Големите партии ќе кешираат милион евра по сезона

Новиот предлог-буџет, кој треба да се донесе до крајот на годината, ќе покаже колку точно пари  ќе бидат потрошени за предвремените парламентарни избори, иако сумата, според проценките, не би требало значајно да се разликува од сумата од 7,5 милиони евра кои беа потрошени на последните парламентарни избори во 2016 година, анализира „Независен“

Во 2017 година, само по основа на обезбедени мандати или освоен 1 процент од гласовите, се одвоени 1,7 милиони евра од државниот буџет, при што најголем прилив добиле ВМРО-ДПМНЕ – 407.000 евра и СДСМ – 294.000 евра.

Според Законот за финансирање на партиите, 30 отсто од средствата за финансирање на партиите се распоредуваат подеднакво на сите политички партии што освоиле најмалку еден процент од вкупниот број гласови, а 70 отсто сразмерно на бројот на избрани пратеници. При евентуален сличен скор на претстојните избори во април наредната година и сличен буџет на оној од 2018 (3,4 милијарди евра) или 2019 (3,7 милијарди евра) на сметката на двете најголеми партии по изборите, според пресметките, ќе легнат неколку стотина илјади евра повеќе и не е исклучено тие да се доближат до сума од милион. Станува збор за суми што се примаат секоја година, а не еднократно.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега