Паунов: Две години локална власт на СДСМ во Карбинци, две години неработење, пустош и негрижа

Две години локална власт на СДСМ во Карбинци, две години неработење, пустош и негрижа на градоначалникот Јордан Насев, рече на прес конференција Виктор Паунов од во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци

„Општина Карбинци се наоѓа на дното во Република Македонија.

Пред 2 години ветувавте живот и напредок но донесовте непотизам, партизација и живот но, само за најблиските.

За 2 години имате катастрофална реализација на едвај 3,7% од вашата програма а немате ниту еден капитален проект.

Ветивте нова училишна зграда во село Таринци, реконструкција на пристапна улица и изградба на мост на Козјачка река во населено место Карбинци.

Ветувавте изградба на брана на Козјачка река. Ветивте почиста вода за пиење во Радање, Таринци и целиот плачковички регион. Но ништо од сето тоа.

Го заборавивте Крупиште, Долни Балван, ветувавте велосипедски и пешачки патеки од Балван до Карбинци.

За 2 години имате ставено дури 350 метри асфалт, со оваа динамика до крајот на мандатот ќе немате ниту  1 километар асфалт.

За најмладите ветувавте изградба на спортски терени, игралишта во секое село, но сликата е многу трагична и постоечките не можете да ги одржувате.

Земјоделците и сточарите се најголемите жртви на вашето владеење, во општина која има повеќе реки, земјоделието е на работ на егзистенција. Неспособноста да ги менаџирате природните ресурси за потребите на граѓаните не водат до пропаст.

Но затоа овие 2 години блескате на неколку полиња: во приватните и фамилијарни бизниси, аферите и скандалите, непотизамот и партиските вработувања. И на крај господа од власта, НА ПРАВ ПАТ сте кон заминување во долга опозиција“ рече Паунов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега