СДСМ: ВМРО само сакаат да се врати режимот

Најавата на Антонио Милошоски дека бараат начин за поништување на Договорот од Преспа е најава дека ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел да ја врати државата назад. Ова го велат СДСМ денеска.

- Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го поништи Преспанскиот договор е опасна теза штетна за националните и државните интереси.
 Без Договорот нема членство во НАТО. Без НАТО тоа ја втурнува државата, но и регионот во безбедносен ризик. Ние не можеме да бидеме дел од НАТО без Преспанскиот договор. Очигледно дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е важно НАТО, не им се важни националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Христијан Мицкоски со сите сили работеа против НАТО, против ЕУ и против реформите што се од интерес на граѓаните. Денес, нивната понуда е враќање на државата назад во режим, во изолација и неизвесност, враќање на криминалот, корупцијата и неказнивоста.Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и ќе ја поразат нивната деструктивна матрица уште еднаш на 12 април, велат СДСМ.

Граѓаните, државата продлжуваат на правиот пат на развој и интеграција, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во темните улички на деструкција и антидржавно однесување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега