Ванковска: Ако Рената Десковска го прави ова, што можеме да очекуваме од другите

Професорската Билјана Ванковска реагираше на вчерашниот статус на министерката за правда Рената Дескоска во кој таа вели дека со гласањето за „Колацијата за обнова на Македонија“ ќе се гласа за обнова на криминалот.

„Од министерка за правда, која е не само професор, туку и уставен правник, најмалку што може да се очекува е да знае што е кампања, кога и како се води, што е црна и недолична кампања, и како во демократија (која блеска, нели) се третира политичкиот опонент.

Ако таа паѓа на вакви ниски гранки, а изборите не се ни распишани, што да очекуваме од другите!? Наместо таа да го дигне нивото и на својата партија, и на демократските стандарди, доведени сме во ситуација да се сомневаме во правната држава и фер политичката битка.

Не кажувам ништо ново, ама секои избори стануваат се’ по мачни и по грди…“, пишува Ванковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега