Зендели: Пораката на францускиот амбасадор беше јасна, „на криминалците на власта им доаѓа крајот“

Пратеникот за движење БЕСА, Фадил Зендели, на социјалната мрежа Фејсбук го коментира ставот на францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, каде рече дека на државата не им се доволни реформите на хартија, туку во практика.

Зендели понатаму вели дека ова е јасна порака до власта и дека на криминалците на влата им доаѓа крајот.

„Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, го повтори ставот на Франција дека на земјава не и се доволни реформи на хартија, туку во пракса.
Оваа порака јасно докажува дека и сегашната, како и претходната власт, се обидоа да ја измамат ЕУ само со донесување закони, но не и со спроведување на истите.
Пораката на амбасадорот Тимоние вели дека без борба против криминалот и без да не се остранат криминалците од власт, земјата нема да може да направи чекор напред на својот евроинтеграциски пат.
Ова е исто така добра вест дека на криминалот и на криминалци маскирани со власт им доаѓа крајот.
Ова најдобро може да го спроведе Движењето БЕСА, кое е единствената партија досега доследна на своите позиции. Времето доаѓа!“, напиша пратеникот на движење БЕСА, Фадил Зендели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега