Спасовски: Обновата на Мицкоски е само обнова на режимот на Груевски

Спортската сала „Бранители 2001„ во Крива Паланка вечерва е претесна да ги прими граѓаните од овој град кои присуствуваат на граѓанската трибина „На прав пат“. Ова го истакна вечерна министерот Оливер Спасовски.
 
- Лицемерно е Христијан Мицкоски кој беше генерален секретар на Никола Груевски да излегува во јавноста со парола дека ќе направи обнова на Македонија. Тоа е само обнова на режимот, обнова на криминалот, на грабежот, обнова на се она што лошо и го направија на државата во 11 година. Затоа мотивацијата наша е се поголема, ќе се бориме и нема да дозволиме враќање назад, Македонија е и ќе остане на прав пат порача вечерва потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во своето обраќање.
 

 

Вечерва ја праќаме силната порака дека и Крива Паланка како и цела наша татковина останува на правиот, на вистинскиот пат. Направивме многу во изминатеите 2 години. Го вративме системот кој беше срушен од Груевски, Мицкоски, Мијалков и нивните бандити кои 11 години го рушеа за да изградат режим, додаде Спасовски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега