Цела Македонија „се гуши" - Најалармантно утрово во Тетово
Многу високи концентрации на канцерогените ПМ10 честички утрово се регистрирани во речиси сите места каде има мерни станици, а најалармантно е во Тетово.
Тетово е лидер по загаденост на воздухот во земјава денеска, а концентрацијата на ПМ10 честичките е 181.
Во Миладиновци концентрацијата е 178, Куманово-168, Битола и Ѓорче Петров-114, Центар-112.
Скопје завчера се најде на петтото место на градови со најзагаден воздух во светот, а на прво место од главните градови во Европа.
30.10.2019 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа