Празничното шетање го чинеше 4.000 евра - несреќен скопјанец се врати во празна куќа

39 годишниот скопјанец Б.М. остана без златен накит, денари и евра кои кои си ги чувал во сеф во својата куќа во скопско Маџари.

Според информациите од полицијата, кражбата се случила на улицата „Благоја Стефковски“ во скопската населба Маџари. Крадецот, провалил во куќата на скопјанецот, го украл металниот сеф и си заминал со богатство “тешко“ 4.000 евра.

Кражбата се случила за време на продолжениот, празничен викенд. Полицијата трага по арамијата.

14.10.2013 - 10:38

најчитано сега