Заев: Груевски нема да избега од казната

Утре се навршува точно една година откако експремиерот Никола Груевски требаше да влезе во затвор за издржување на затворската казна од две години во случајот „Тенк“.

По тој повод денеска премиерот Зоран Заев рече дека никој нема да избега од казната.

 – Зошто тоа се случи? Заради тоа што Никола Груевски беше слободен граѓанин сѐ до моментот додека судот не издаде наредба за негово донесување за издржување на казната, но два дена претходно тој на напушти државата. Светот е глобално село, никој не може да избега од казната, од својата одговорност или слично. Јас верувам дека многу наскоро ќе го доживееме моментот каде секој ќе ја отслужи казната, па така и Никола Груевски, истакна Заев.

За потсетување, поранешниот премиер Груевски се наоѓа во Будимпешта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега