Клековски: Брегзит е поважен од Македонија и Албанија, француското „НЕ“ не претставува вето

 

Политичкиот аналитичар, Сашо Клековски во емисијата „Топ тема“ на Канал 5 изјави дека причината за недобиениот датум за преговори на Македонија е Брегзитот и неформираната Европска комисија. Тој смета дека ЕУ првично сака да ги реши овие 2 проблеми пред да продолжи со проширувањето.

-Се даде повеќе време на ЕУ да види што ќе се случи со Брегзитот, далеку поважна тема од Македонија и Албанија, како и изборот на Европската комисија. Со целосна Европска комсија има повеќе шанси Европа да збори за проширување, вели Клековски.

Тој смета дека француското НЕ, не претставува целосно вето за Македонија. Клековски напомена дека при влезот на Хрватска во ЕУ, францускиот претседател изјавил дека тоа е последната земја која ќе влезе во Унијата, но по се изгледа не излезе како точна прогноза.

-Исто така мислам дека ниту Македонија и Албанија нема да бидат последните членки на ЕУ, не може да се остават Косово и Босна надвор од Европската унија, вели Клековски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега