Средба на Димитров со Борељ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“ организиран од Светскиот економски форум во Женева, денес оствари средба со МНР на Шпанија, Жозеп Борељ, номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

 Во разговорот со шпанскиот министер и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борељ, беа разменети мислења за неколку теми, со акцент на очекувањата за временската рамка за ратификација на Пристапниот протокол на Северна Македонија кон НАТО, со оглед на претстојните избори во Шпанија, како и за европската перспектива за регионот, ЕУ аспирациите на Северна Македонија и следните чекори после октомврискиот Европски совет. Притоа стана збор и за последиците од исходот на Самитот во земјава и регионот, можниот развој на настани во регионален контекст, како и за приоритетите во работата на Високиот претставник на ЕУ. Министерот Димитров, посакувајќи му успех во извршувањето на претстојната значајна функција изрази надеж дека за време на неговиот мандат ќе дојде до суштинско и мериторно придвижување на земјите од Регионот кон ЕУ, истакнувајќи дека: „европски Западен Балкан е заеднички стратешки интерес и на ЕУ и на нашиот регион.“

 Со советникот на претседателот Макрон, Клеман Бон, министерот Димитров имаше отворен разговор за тоа како да се овозможи заедничка победа и успех преку адресирање на грижите на Франција, на Европската Унија, Северна Македонија и на регионот.

 Со советникот на претседателот Макрон, Клеман Бон, министерот Димитров имаше отворен разговор за тоа како да се овозможи заедничка победа и успех преку адресирање на грижите на Франција, на Европската Унија, Северна Македонија и на регионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега