Војска пристигна во „Охис“ по излевањето на високотоксична хемикалија

Две возила на армијата пристигнаа во фабриката „Охис“ откако беше пријавено дека високотоксична материја се излеала од една од цистерните. Станува збор за Единицата за атомска биолошка и хемиска одбрана, која била повикана како асистенција на полицијата, пренесува „А1ОН“.

Официјално, се уште изостануваат било какви информации за тоа за каква хемикалија станува збор и какви евентуални штети можат да настанат.

Никој од надлежните од „Охис“ не излезе со поконкретна информација за тоа што се случило, а и од МВР и од Министерството за животна средина велат дека се работи на утврдување на фактичката состојба, па дури потоа ќе излезат со детални информации.

Случајот со излевањето на високотоксичната материја бил пријавен од страна на граѓани, кои се пожалиле на главоболки, печење во грлото и непријатна миризба што се ширела од фабриката.

Засега, се знае единствено дека станувало збор за хемикалија која се користела за производство на детергенти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега