Заев на Фејсбук: Регионот испрати сигнал дека нема друга алтернатива освен интеграцијата во ЕУ

Премиерот Зоран Заев по лидерскиот состанок за Западен Балкан, што се одржува во Женева во организација на Светскиот економски форум на својот фејсбук профил напиша дека било разговарано за идната соработка и иднината на регионот .

„На лидерскиот состанок за Западен Балкан во организација на Светскиот економски форум разговаравме за идната соработка и иднината на регионот за кој ЕУ испрати сигнал дека нема друга алтернатива освен интеграцијата во ЕУ.

За многу краток период направивме голем напредок и реформи во сите области, од авторитарен режим ја обновивме демократијата и нашата евро-атлантска интеграција мора да продолжи бидејќи постои можност за развој на национализмот, популизмот и радикализмот.“ напиша Заев на фејсбик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега