Пендаровски: Да не одиме со големи очекувања на средбата со Макрон

Претседателот Пендаровски не очекува пресврт или драстична промена на позицијата од средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон идниот вторник.

Вели дека не треба да се има преголеми очекувања, бидејќи станува збор за држава кој е меѓу најмоќните во Европа, но средбата според него ќе биде исклучителна прилика за да се соочат аргументите со Макрон и да се нагласи до сега постигнатото за членство во ЕУ од македонска страна.

Во пресрет на средбата на Пендаровски во Париз, со пораки за европската иднина на земјава се јавија и амбасадорите на двете држави клучни за Македонија. За германскиот амбасадор Герберих, нема дилеми дека земјава треба да ги започне преговори се унијата, додека пак неговиот колега од Франција, Тимоние порача дека за интеграцијата, клучна е борбата против корупцијата. На прашањето за очекувањата од средбата Пендаровски – Макрон, францускиот амбасадор не сакаше да коментира.

„Во се она што е комуникација околу таа официјална посета, сепак би ве упатил на претседателството на Републиката, затоа што сметам дека не би било куртоазно од моја страна однапред да говорам за тоа“, вели Тимоние.

„Отворањето на преговори со С. Македонија останува суштинско прашање за безбедноста и стабилноста во Европа. Германија е особено поврзана со Западен Балкан на политички и економски, како и социјално, бидејќи многу луѓе од овој регион живеат во Германија и тоа е до заеднички интерес и за Западен Балкан и за ЕУ“, вели Герберих.

Францускиот претседател Макрон предизвика силни реакции во меѓународната јавност по интервјуто дадено за Економист, каде порача дека НАТО било на смртна постела, а Европа на работа на провалија. Неговото интервју доаѓа на неполн месец од самитот на НАТО во Лондон, а неговите коментари се на иста линија со тие на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во повеќе наврати порача дека според него, НАТО е застарено наследство од студената војна.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега