Четворица вработени во МРТВ добија отказ

МРТВ им подели 4 откази на своите вработени кои беа дел од неуспешниот пренос на финалната вечер на Макфест, информираат од телевизијата.

„Македонската радио телевизија, по анализата на случувањата околу не емитувањето на финалната вечер на фестивалот „Макфест”, одлучи да поведе постапка за прекинување на работниот однос на четворица вработени во јавниот сервис, како и за суспензија и парични казни за повеќе вработени, директни учесници во продукцијата на фестивалот.

 

Македонската радио телевизија уште еднаш се извинува на јавноста поради скратената можност фестивалот „Макфест” да биде проследен во живо“ - стои во соопштението од МРТВ

14.10.2013 - 22:01

најчитано сега